Кога сме кај брзи рецепти ви ја претставувам оваа едноставна обланда, а сепак необична.
Веќе знаете дека не го сакам маргаринот и не го употребувам подолго време, а скоро сите посни благи се подготвуваат со него. Затоа постојано се обидувам да изнајдам нови посни рецепти во кои нема да биде застапен. Така излезе и оваа обланда која понатаму ќе претрпи модификации и збогатување на вкус со разни додатоци. Што значи дека ова ќе му дојде основен рецепт за посна обланда без маргарин.

Подготовка
1. Водата, маслото и шеќерот ги ставаме да зовријат и да вријат околу 2 минути.
2. Ги додаваме компировите снегулки за пире и интензивно мешаме со рачна маталка. Смесата ќе ни се направи како густ пудинг.
3.Ја тргаме на страна и го додаваме чоколадото, мешаме да се растопи.
4. На крајот го додаваме рум екстрактот и мелените бисквити.
5. Корите обланди ги делиме на половина и на секоја премачкуваме од смесата.
6. Мачкаме во тенок слој и ги редиме една врз друга, а на последната не ставаме од филот.

Забелешка
Мислев да ставам повеќе масло ама во последен момент се предомислив и ставив колку што е запишано или околу 4-5 лажици масло.
Откако ќе го подготвите филот веднаш поделете го и веднаш намачкајте го на обландите зошто ако се стегне ќе биде многу густ и тежок за распоредување.
Користете посно чоколадо со висок процент на какао.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани