Редоследно се матат состојките за кексот, при што јајцата и шеќерот поголго време.

Смесата се тура во намастено и набрашнето тавче или обложено со пек хартија 30х20.
Јас печев во малата Ростер тава на Делимано и доволно е само малку да се намасти.

Се печи на 180С 30-40 мин зависно од силата на рерната.

Кога ќе подизлади, се вади од тава и се остава врз решетка убаво да олади, па се сечи на коцки.

Состојките за преливот (кокосот е за посип) се топат заедно додека се соединат и зовријат.

Секоја коцка се мака во преливот, па потоа се валка во кокос.

Готовите коцки се оставаат на ладно убаво да се стиснат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани