Торта која е доста брза за правење и доста кремаста.
Најпрво го одделуваме жолчките од белките.
Белките ги ставаме до подлабок сад и ги биеме со миксер на најголемата брзина и постепено го додаваме шеќерот. Биеме се додека не добиеме цврста смеса. Го исклучуваме миксерот и ги додаваме брашното,гризот и пецивото. Промешуваме со дрвена лажица и на крај ги додаваме и оревите.
Тортата ја печиме на 180 степени околу 20 минути. Јас ја печев во тркалезно тавче број 30.
Додека се печи паниспањата го правиме филот.
Во подлабок сад ги биме жолчките заедно со шеќерот. Во сместа ги додаваме и пудинзите од ванила и промешуваме со миксер на најмалата брзина за да нема грутчина.
Потоа го додаваме млекото и вариме на пареа се додека не добиеме цврст крем.
Го оставаме филот да се излади.
Посебно го биеме маргаринот со шеќерот во прав и потоа го додаваме во филот. Убаво биеме со миксерот за да се соедини филот и потоа го делиме на два дела.
Во едниот дел ги ставаме мелените наполитанки, а во другиот чоколадото (претходно го топиме).
Слатката павлака ја биеме со миксер која ќе ја ставаиме најгоре на тортата.

Филовањето на тортата-
паниспања
филот со наполитанки
филот со чоколадо
слатката павлака

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови