Уште еден од низата на природни пијалоци и лекови.
Исчистете го лукот убаво и секое чешне поделете го на 1/4.
Полнете дирекно во шишето во кое ќе го спремате напитокот.
Дополнете со 500 мл црвено вино и добро затворете, па протресете го шишето.
Ставете го на прозорец 2 недели на топло и на сонце.
Секој ден протресете по 2 до 3 пати.
После поминатиот рок, процедете го и чувајте го во темна стаклена тегла или шише.
Конзумирајте како лек 3 пати на ден, еден месец.
Ако го земате како превентива за здравје, тогаш доволно е по 1 лажица на ден.
Се верува дека овој напиток прави чуда во организмот на човекот.
Штити од многу болести и го чистиорганизмот од штетни наслаги.
Ја подобрува крвната слика и ги прочистува крвните садови.
Јас го приготвив, сега сте вие на ред.

Забелешка
После користење на оваа доза се паузира 6 месеци.
Потоа ако сакате повторете ја.

На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови