Превкусен посен намаз со освежителен вкус.

1. Печурките се сечкаат на листови, се става масло и малку сол и се пржат на среден оган.
2. По 15-тина минути се додава исечканиот кромид, тенко исечениот морков, мешаниот сув зачин и се пржи да омекнат зеленчуците и да испари течноста која ја испуштиле. Кога е готово се остава да се излади.
3. Потоа изладено се става во блендер, се додава посниот мајонез и сите останати состојки, се блендира некоја минута и толку.

Сол не ставив зашто ни беше доволно солено од мешаниот сув зачин и солта со која ги посолив печурките на почетокот.
Убаво е како намаз на лепче, а одговара и како прилог на пилешко месо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани