Овој намаз во Русија се вика Баклажановаја икра и исто така популарна како и Кабачковаја икра, рецепта која имам претходно објавена. Пробајте го вкусен летен намаз - мезе , а лукот дава му одлична арома.

1. Модрите патлиџани и пиперките се мијат и се печат во рерна на 200 степени додека не се омекнат, потоа изладени се лупат.
2. Доматите се засекуваат одозгора малку и се полеваат со врела вода, потоа веднаш се ставаат во ладна вода и се лупат.
3. Кромидот и лукот се лупат.
4. Патлиџаните, доматите, пиперките, кромидот и лукот се мелат во машинка за мелење, потоа се посолуваат и се додава маслото.

Намазот од модрите патлиџани треба да се излади во фрижидер.
Од оваа количина на зеленчук ми испадна една тегла.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани