Во еден сад на оган го ставаме да се вари грашокот (јас го варев околу 5-6 минути,затоа што толку му беше потребно).Потоа ги рендаме морковите .

Грашокот и ренданите моркови ги ставаме во блендер и блендираме се додека не стане кремасто.

Откако сме ги изблендирале грашокот и морковите ги додаваме и другите состојки киселата павлака, крем сирењето, мешаниот зачин и црниот бибер и блендираме се до соединување на состојките.

Можете да додатете зачини по ваша желба, а може да се стави и лукче.

Вака приготвениот намаз се сипа во тегла и се чува во фрижидер.

Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови