Здраво, лесно за подготовка, посно, веган.. кога ќе видиш, модерно со стари состојки.
Ова е рецепт кој што се прави по вкус или што би се рекло од око. Мерките се од прилика тие што ги користев, но може да си адаптирате по ваш вкус.

Наутот потопете го во вода да одстои и набабри, потоа сварете го.
Исцедете ја водата, но може и малку тргнете на страна во случај да сакате да го разредите намазот. Јас тоа не го направив.
Пиперките испечете ги, оставете ги во кеса 10ина минути и излупете ги.

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете намаз со структура по ваша желба.

Може да стои во фрижидер и до една недела без проблем.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани