Од состојките за тесто замесете меко тесто, премачкајте го со зејтин и оставете го на топло да стасува.
Додека ви стасува тестото направете го филот.
Исечете го месото на коцки, јас ставив пилешко, а вие можете по желба кое сакате да ставите.
Морковот и кромидот исечете ги на помали парчиња и се заедно динстајте додека омекне. Додајте ги зачините и пред крај додајте ја пиперката исечена на лентички. Динстајте уште две минути и тргнете на страна.
Стасаното тесто поделете го на два дела. Земете го едниот дел и расукајте кора да е потанка од кора за крофни, а подебела од сукано (се надевам дека убаво ви објаснив, дека не закомплицирав)
Кората ставете ја во подмачкано тавче и врз неа распоредете го филот. Ставете врз филот две лажици течна павлака.
Рассукајте ја и другата кора и ставете ја врз филот. Краевите подврнете ги да не се отвори додека се пече. Премачкајте со изматено јајце и наросете сусам, ким и афион. Оставите да стои на собна температура 5 минути и печете во загреана рерна на појака температура да би се надувало лепињето. Јас печев на 250 С 10 минути па намалив на 200 уште 15 минути.
Пријатен апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови