На рингла се ставаат млекото и шеќерот, да провријат. Се трга на страна и полека, за да не се создадат грутчиња, се додава гризот и се враќа на рингла и се вари додека не се згусне како пудинг. Во меѓувреме желатинот се подготвува според упатството за употреба, но внимателно при загревањето бидејќи не смее да проврие. Сварениот гриз се префрлува во подлабок сад и веднаш се додава чоколадото искршено на помали парчиња и растопениот желатин. Се додава и павлаката за готвење и се се мати убаво со миксер за да се соедини во хомоген крем.

Се става во чаши и кога ќе се излади, се декорира со шлаг крема.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор