Кромидот и морковот се сецкаат на ситни коцки и за ставаат на оган да се пржат заедно со маслото.
Откога ќе омекнат се додава црниот патлиџан исецкан на коцки и тој да се запржи, потоа се додава тивкичката изренадана на крупната страна од рендето.
Откога се убаво ќе омекне се додава меленото месо и тоа да се испржи.
Во тавчето додаваме црвен пипер и зачинуваме по вкус.
Компирите ги лупиме и ги сечеме на танки тркалца ги делиме на два дела и едниот дел го ставаме во подмачкано тавче врз него го додаваме мелното месо и повторно слој од компири.
Јајцата ги матиме убаво посолуваме и ја додаваме павлаката, се убаво промешуваме и ги прелеваме ккомпирите.
Печеме на 170 степени околу час и половина.
На здравје !!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови