Едноставна,брза и вкусна мусака.
Прво го запржуваме месото со сол и зачин од сув зеленчук. На модрите патлиџани, измиени, им ја лупиме кората и ги сечиме на тркала со дебелина од 1,5 сантиметри. Ги редиме во плех намастен со зејтин и ги печиме во рерна околу 15 минути, колку да омекнат.
Обичните домати(не лупени) ги миеме и ги сечиме на тркала со дебелина од 0,5 сантиметри.
Плехот во кој ќе ја печеме мусаката го намастуваме со зејтин и најдолу редиме од модрите патлиџани. Врз нив ставаме од сечените домати, па редиме сечен лук и магдонос. Го ставаме месото, пак модар патлиџан и завршуваме со домати. Одозгора се става пак магдонос. Мусаката се полева со 1/2 литар супа од коцка од зеленчук. Се пече околу 45 минути на 200 степени, додека испари течноста.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови