На загреаното масло ги пропржуваме кромидот, морковот и пиперката.
Потоа го додаваме меленото месо, пржиме, повремено мешаме со вилушка, убаво да се раздели месото.
Зачинуваме.
Го додаваме и измиениот ориз и црвениот пипер.
Тава бр 24 ја обложуваме со танки кришки компир.
Врз нив го истураме подготвеното месо.
Одозгора ги редиме измиените бамји, на кои сме им ги одсекле дршките.
Налеваме вода, колку да се покрие мастрафот и печиме во загреана рерна на 200 с околу 40 минути.
Сервираме топла со сезонска салата.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани