Оваа пита заслужено си го носи името. Не бара многу труд ,а вкусот е одличен.
Во еден подлабок сад ставаме 100 милитри млака вода, 1/3 квасец, 1 лажица шеќер и 2 лажици брашно. Замешуваме и оставаме квасецот да надојде. Кон ова ги додаваме останатите состојки освен сирењето,свинскиот врат и маслинките. Мешаме со дрвена лажица додека не се добие мазна смеса без грутки. Смесата е нешто поретка од смеса за мекици или нешто погуста од смеса за палачинки.
Сега ги додаваме изренданото сирење, ситно исечканиот свински врат и исечените маслинки. Повторно мешаме и смесата ја истураме во намастен и побрашнет плех(округол плех бр.28).Оставаме да одстои околу 30 минути.После тоа одозгора ставаме лен и питата ја печеме во загреана рерна на 180 степени околу 30 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови