Пред употреба на овошјето, ставете ги во вода со сода да постојат 15минути.
Исплакнете добро и пресечете.
Коцките мраз поделете ги.
Неколку ставете во апаратот за коктели, а неколку дирекно во чашата во која ќе сервирате.
Нането истотака поделете го. Малку за декорација, а другиот дел за составот на коктелот.
Исецкајте го и помешајте го со мразот во чашата.
Додадете вотка, спрајт или газирана вода, па потоа и сокот од лимета и лимон.
Истресете добро, наполнете ја чашата во која беа коцките мраз и нане.
Декорирајте со парчиња на лимета и лимон.
Уживајте во летните коктели, уживам и јас.
На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови