Водата, шеќерот, ванилата и кафето се зовриваат.
Па се додава маргаринот и се растопува.
Се трга од оган, се додаваат оревите, се промешува, а потоа бисквитите.
Се остава смесата да се лади. Пред да се полнат калапите уште еднаш убаво се премесува.

За тоа време се подготвуваат калапите.
Со растопеното чоколадо со масло над пареа се премачкуваат калапите.
Кога е здрвено чоколадото, се полнат со смеса. Се затвораат, премачкуваат со чоколадо. Одат во длабоко замрзнување 15-30 мин. Се вадат од формите.

На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови