Подготовка
1. Се меша маслото, за’атар, сол, бибер и се мачкаат парчињата модар патлиџан. Се пржат на грил.
2. Се мешаат состојките за прелив.
3. На тањирот на кој ќе сервирате се ставаат листовите салата/рукола помешани со магдонос и врз нив парчињата модар патлиџан. Се посипува со меласа од калинка, прелив со павлака, фета на ронки, семки сусам и за’атар.
* За’атар е зачин карактеристичен за блискоисточната кујна. Ако сакате да си го подготвите на странава веќе имам поставено рецепт кој го имате на следниот линк. Секако дека може и да го изоставите или по вкус да си додадете друг зачин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани