1. Модрите патлиџани ги миеме, ги сечкаме на кругови дебели 5 мм, ги посолуваме и ги оставаме да стојат 30 минути.
2. Потоа ги миеме со вода, ги ставаме на кујнска хартија да се впие водата.
3. Ги мачкаме со масло и ги печеме во рерна или јас овде ги печев на тостер.
4. Земаме мала тава која малку ја намрсуваме со масло и посипуваме со презла.
5. Печените модри патлиџани ги редиме во тавата и на нив ставаме рендано биено сирење или пармезан.
6. Во тавче го ставаме путерот и на тивко го запржуваме брашното да порумени. Потоа постепено го додаваме млекото мешајќи со жица да се добие густ сос без грутчиња. Додаваме мешан сув зачин, мешаме и сосот го истураме во тавата.
По желба ставаме чери домати.
7. Тавата ја ставаме во рерна, ја пуштаме на 200 степени, и штом се достигне оваа температура печеме околу 20-тина минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани