1. Прво ги делиме жолчките и белките во два различни садови.
2. Од белките правиме цврст снег.
3. Жолчките ги матиме пенесто со шеќерот и ванилата.
4. Потоа тука додаваме путер и повторно матиме да ни се изедначи смесата.
5. Сега додаваме просеано брашно, какао, пециво и прашок за пудинг од чоколадо.
6. Пак матиме со миксер за да изедначиме.
7. Додаваме и слатка павлака и пак матиме до изедначување.
8. На крај во оваа смеса го додаваме стопеното млечно чоколадо.
9. Пак проматуваме.
10. На крај, чоколадната смеса ја спојуваме со изматените белки со помош на шпатула, мешаме и изедначуваме.
11. Готовата смеса за чоколаден колач ја префрламе во сад за печење 28, обложен со пекси хартија.
12. Печеме во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути.
13. Колачот е печен откако ќе му се распука површината и ќе се оддели од краевите на тавата.
14. Се служи изладен, исечен и по желба наросен со шеќер во прав.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови