- Во сад растворете го млекото во прав со дел од топлата вода, додадете го стопениот путер, размешајте, додадете кај остатокот од водата.
- Во садот во кој ќе месите ставете го просеаното брашно, додадете го квасецот, солта и шеќерот и измешајте со бршното. Јајцето лесно разматете го со вилушка и него додадете го кај брашното. Потоа додадете ја водата со млекото во прав и путерот, замесете меко тесто кое ќе го домесите при крајот за да не ви лепи по рацете - малку масло. Оставете го да стаса.
- Стасано тестото лесно премесете го и истресете на побрашнета работна површина, расукајте во кора и оформувајте по ваш избор, но ставајте ги на малку поголема оддалеченост бидејки нараснуваат и за да не ви се залепат.
Откако сте ги оформиле, оставете ги да стасаат (ова стасување кратко трае), за тоа време вклучете рерната да се загрее на 200 степени, печете ги 20 мин. додека да добијат убава румена боја. Печени извадете и веднаш премачкајте ги со стопениот путер. Нека оладат-послужете.
Напомена
- Ова тесто е полн погодок. Оформувајте како сакате вие. Јас овојпат ги оформив во ролнички така што го поделив тестото на два дела (полесно за работа) расукав кора, исеков во правоаголници 7х15, при мотањето малку истегнувајте ги и редев во плехот.
- Посебно не го топам путерот туку одземам дел од водата и повеќе ја загревам, потоа во така потопла вода го ставам одмерениот путер и нормално дека ќе се стопи.
- Ги месев со путер и што да ви кажам, вкус од мерак, а дека е така ќе ви раскаже прво непцето ваше..се надевам после и вие ќе раскажете приказна.. толку меки, воздушни...мераци, мераци...големи и тоа.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани