Освежителна и брза млечна салата.
Прво на сува тава ги ставаме семките од тиква и ја загреваме тавата. После кратко време го додаваме и сончогледот. На крај се додава ленот и сусамот. Додека ги тостираме семињата, постојано мешаме со дрвена лажица. Откако ќе почнат да пукаат семињата ги тргаме од оганот. Чекаме да оладат.
Ситно ја сечеме краставицата и лукот. Ги додаваме оладените, тостирани семиња, павлаката, додаваме малку сол и се` заедно мешаме.
Пред служење добро е да се олади малку салатата во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови