Водата се става во тенџере на рингла да зоврие, па се додава солта и постепено со мешање се додава палентата. Се вари со интензивно мешање 2 минути. На крај се додава маргаринот и убаво се меша до свиленкаст сјај.

Варењето на палентата е спрема упатството на самата ќеса на производот. Можно е некој тип да има потреба од подолго варење, што мислам дека во нашата земја нема таков, но соодносот вода-палента е скоро секогаш 4 спрема 1.

Изрендајте го кашкавалот и ситно издробете го сирењето.
Вмешајте ја павлаката во палентата, па сирењето и кашкавалот.

Доколку планирате да ја јадите топла, тогаш користете само сирење, а доколку ја оставате да се олади, тогаш можи да оди и кашкавалот.

Доколку се одлучите за одладена палента, тогаш варената млечна палента истурете ја во исплакнат со ладна вода соодветен сад и оставете ја половина до час време да се здрви, па сечете ја на посакуваните коцки и послужете ја со јогурт, кисело млеко, павлака или кечап.
Кај нас одеше одозгора со чаден црвен пипер и сув власец и секако, кој сакаше јогурт.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани