Подготовка
Корита ги разделуваме на по три, секој ролат да биде со три кори и да добиеме пет ролати.
Јаболките ги лупиме и рендаме, во нив додаваме цимет, ванила и мелени печени ореви по желба може и да се додаде морско оревче и суво гројзе.
Секоја кора ја попрскуваме со масло и со сувата смеса од презла и сусам.
На крај додаваме јаболка и мотаме ролат. Ролатите пред печење ги премачкуваме со масло и ги сечеме. Се печат на 200степени 45мин.
Наросуваме шеќер во прав.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани