Ова миризливо јадење е најдобро да се приготви ден пред печење иако и да отстои само час или два, би било превкусно.
Се мие и се суши пилето. Лукот се толчи. Во голем сад се ставаат сите состојки освен маргаринот и се мешаат до соединување. Се премачкува пилето од сите страни, па се става во кеса за замрзнување заедно со остатокот од смесата и се остава во фрижидер до нареден ден за месото убаво да ги впие вкусовите.
Пред печење, пилето се трие уште еднаш со смесата и во внатрешноста се става маргаринот исечен на парчиња. Се превиткува целото пиле во фолија и се става во тава. Се пече во претходно загреана рерна на 220 степени еден час.
Внимателно се вади фолијата, пилето се прелива со течноста што ја испуштило за време на печењето, па се пече уште пола час односно дури не добие убава кора.
Пријатен ручек!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови