Во длабок сад прво изматете ги јајцата со вилушка, а потоа додадете ја исцедената туна, брашното, прашокот за пециво, јогуртот и маслото. Промешајте убаво.
Во смесата додадете малку црн бибер мелен и посолете по вкус.
Во силиконски калап за печење кој претходно сте го премачкале со малку масло ставајте по едно кафено лажиче од смесата и печете на 170 степени додека добијат убава румена боја.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови