Кај нас во Битола има една пекара каде за 10 ден се продаваат погачици со компири. Јас ги викам компирки. Сосема случајно ги пробав овие кај една пријателка на мајка ми и од тогаш повеќе не купив компирки туку самата си ги правам. Брзи, лесни и превкусни!
Подготовка

1. Измесете тесто од сите состојки и оставете го тестото да се одмори малку. Не заборавајте претходно да го спремите квасецот да се се активира.
2. Тестото се дели на два дела и од секој дел се сучи кора со дебелина од 1 прст.
3. Исечете кругови со чаша и наредете ги во плех обложен со хартија за печење.
4. Премачкајте ги со јајце и посипете ги со сусам одозгора.
5. Се печат во загреана рерна на 220 Ц степени додека не заруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови