Ова е не обично тесто за пица ама е многу ровко и се топи во уста.
Постапката е следна
Путерот треба да е омекнат и исечен на коцки.
Во путрот се додаваат останатите состојки за тесто и се замесува.Тестото треба да е меко и мазно. Се обликува во топка и се остава во фрижидер половина час.
Потоа се расукува кора со дебелина од половина сантиметар на набрашнета површина. Со остар калап или шоља се вадат округли форми кои се редат во плех на кој има пек хартија.
Секој круг мини пица го мачкаме со доматен сос, наросуваме со оригано па ставаме чајна и кашкавал.
Мини пиците ги печеме на 190 степени загреана рерна околу 15 до 20 минути.
Филот може да го збогатите со печурки или зеленчук по избор.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови