Бисквитни теста... љубов ми се!
Лесни за приготвување, со интензивна путер арома.

Брашното, шеќерот, путерот и јајцето се ставаат во сад и се месат додека не се добие мазно и сјајно тесто. Тестото се сплескува во кора со дебелина од 1 цм и завиткано во стреч фолија се остава во фрижидер 30 мин,

Додека се лади тестото, се приготвува кремот.
Млекото се загрева на тивок огани и се додава шеќер. Внимателно се додаваат изматените жолчки и се меша на оган додека не се добие густа смеса.

Оладеното тесто се сука во кора со дебелина од 0,5 цм.
Во претходно намастени калапи се формираат питите.
Кошничките се полнат со црвеното овошје. Поголемите плодови се сецкаат на помали парчиња. Над овошјето се става кремот.

Се пече на 190Ц околу 25 мин.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови