Брашното се соединува со пецивото, содата и циметот. Јајцата се маткаат со шеќерот да се запенат и се додава ванилиниот шеќер и маслото. Се бие додека се стопи шеќерот.
Потоа се додаваат ренданите моркови и лажица по лажица се додава мешавината со брашно без да се миксира, само лесно се размешува со шпатула.
Јас ги печев на 180 степени околу 20 мин. но треба да се пробува со дрвена чепкалка, во силиконски калапчиња за пралини, бидејќи се со мотив не им ставив хартиени корпиња, но без проблем излегуваа од калапите. Од смесата излегуваат околу 20-25 мафини бидејќи се мали калапчињата,
Може да се стави одозгора и шлаг-пена но во моментот немав и не ставив, а вкусот и мирисот е прекрасен.
* Рецептот е за познатиот американски “Карот кејк“ колач кој супер излезе и во оваа варијанта.
Чаша 250мл

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови