Во едно вангличе ставете јогурт, јајца, 1 лажичка сол, 2 лажици шеќер, 2 лажици зејтин, сув квасец, се' промешајте, додајте брашно и замесете тесто. Оставете го тестото еден час да стаса.
Стасаното тесто поделете го на мали топчиња. Во секое топче ставете сирење и наредете ги на плех премачкани со зејтин.
Топчињата оставете ги да стасаат, премачкајте ги со јаце и посипете со сусам ленено семе и со афион.
Печете ги лепчињата во загреана рерна на 200 степени околу 30-40 минути.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани