Овие кифлички се идеални за дечиња бидејќи се малечки и многу вкусни, но и за нас возрасните се супер.
Се меша брашното со прашок за пециво и сол, потоа се додаваат јајце, млеко, стопен путер и урда и се замесува тесто. Се дели на два дела и се става во фрижидер да одмори еден час.
Се расукува кора од секое тесто и се сече на 16 триаголници и се формираат кифли. Се премачкуваат со јајце и се наросува сусам по желба. Се печат на 200 степени околу 20 минути односно додека да заруменат.
Доколку сакате поголеми кифли може да ги исечете корите на 8 триаголници.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови