Подготовка на мини купкејковите
1. Јајцата се матат пенасто со шеќерот и ванилата со миксер.
2. На пареа или во микробранова печка се растопува чоколадото со путерот и откако ќе излади малку (околу 5-10 мин) се додава во изматените јајца и се мати со миксерот да се соедини се убаво.
3. Се додава румот
4. Се додава брашното и сето тоа заедно се меша со силиконска шпатула
5. Во калап за мини мафини (а може и за мафини) се редат книжни корпи и во нив се става од смесата за купкејковите. Корпите се полнат до пола.
6. Во секоја корпа, во средина на смесата се става мало парче од црното чоколадо (јас ставив од прилика колку 1/4 коцка чоколадо)
7. Се печат на 200 степени во загреана рерна околу 15 мин.
8. Откако ќе изладат мини купкејковите, се филуваат.

Подготовка на филот
1. Млекото се мати со миксер заедно со прашокот за шлаг кремот. Откако ќе се измати се додава слатката павлака и се продолжува уште кратко со матење

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани