Одличен рецепт за варени ѓевречиња. Од оваа доза јас направив пола, добив 8 мали ѓевречиња, сосема доволно за доручек за едно 4ри члено семејство од двајца возрасни и две деца.

Подготовка

Растворете го квасецот во млаката вода во вангла.
Додадете го брашното, солта, маслото и путерот.
Измешајте добро и доколку е потребно, додадете повеќе вода.
Замесете средно меко тесто. Оставете го тестото да се крева околу 40тина минути.
Поделете го тестото на 10-15 топки во зависност колку големи сакате да ви бидат ѓевречињата.
Исукајте го во долгнавеста форма секое топче и завиткајте го во форма на ѓеврече.
Во меѓувреме, ставете отприлика 500 мл вода во голем сад и оставете го да зоврие.
Додадет мед во водата. Варете ги ѓевречињата едно по едно или 2 одеднаш (зависи од просторот во тенџерето) околу една минута и ставајте ги на крпа да се впие малку течноста.
Потоа веднаш прпелкајте ги во сусам и редете ги тавче обложено со хартија за печење.
Се печат на 180 степени околу 40 минути, додека убаво да заруменат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови