Па ајде јас по Штипски ќе си ги наречам Миндали (бадеми или бајами) колач
Во сад на рингла се ставаат шеќерот и водата да вријат 5мин. Се трга настрана и се додава маргаринот и чоколадото да се растопат. Потоа се додаваат бисквитите и мелените бисквити. Се остава да се олади. Се прават долги елипсовидни форми и внатре се става урма ,кајсија .... Се оставаат во замрзнувач и се прелеваат со бело чоколадо.
Глазура
Во сад на пареа се топи 200гр бело чоколадо и маслото додека да се добие хомогена сјајна смеса.И се прелеваат по двапати колачите(миндали)

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани