Оној кој пробал германски десерти ќе знае каков исход има овој колач или торта да го наречам. Интересен спој на сите делови кои меѓусебно се надополнуваат и резултираат во финишот во еден вкусен и лесен за јадење десерт.
Интересното за мене, а верувам и за повеќето е тоа што и покрај големата количина на афионово семе во рецептот (која помалку ја ставив од оригиналот, а сепак е и вака доволна), додека се јади, она проблематично крцкање на семчињата низ забите го нема, чудо едно е како и тоа самото изгледа како некој црн компактен фил да е... Изгледа сложено на поглед, но многу брзо и едноставо се приготвува, без многу садови, миксери и други алатки.
Благодарност до Бетина за помошта околу преводот. Во коментари ќе и поставам уште едно дополнително прашање :)))

Измешајте го брашното со шеќерот и додадете го путерот исечен на листови, па втријте го заедно.

Обложете калап 25х25 (јас користев кружна форма со обрач бр 26) со пек хартија и истапкајте го тестото по дното и ѕидовите.
Оставете го во фрижидер да се лади.

Мармаладот, афионот, ванилата и јајцето убаво се мешаат заедно и се премачкуваат врз тестото.

Посебно се мешаат состојките за кремастиот дел и се преливаат врз делот со афион.

Се печи на 175С 30-35 минути.

Оладената торта, или секое парче посебно се премалкува одозгора со мармалад.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани