Драги мои пријатели, денес сум славенички расположена, со повод за честење.
Ние дома ќе уживаме со она што подготвив, а вам преку слика и опис ќе пробам да ви ги споделам канапеите кои ги подготвив за закуска и мојата Милениумска торта, направена исклучиво од чоколадо за мојот роденден.
Со неа покрај пречек на новата година од животот, ќе го одбележам и 1000 рецепт споделен овде, на нашиот омилен сајт.
Иако готвењето бара многу посветеност, време, трпение, готвам со многу љубов и со уште поголема среќа моите умеења во кујната ги споделувам тука со вас.
Живели до новата славеничка година и до наредниот јубилеј.

Милениумска торта

1. Печените лешници ги мелиме пола поситно, пола покрупно.
Над пареа го растопуваме чоколадото, па ги додаваме лешниците.
Соединуваме.
Оваа смеса ја ставаме на дното на калап со обрач бр 24
Оставаме убаво да се стегни.
2. Подготовка на крем со темно ( 70%) чоколадо
Во една касерола ставаме млеко, слатка павлака и оставаме на многу тивко да се соединат, со постојано мешање.
Оставаме да се излади.
Од кога е изладено го матиме со миксер, да добиеме крем како мус.
Врз основата од лешници го ставаме кремот, израмнуваме и оставаме во фрижидер да се стегни.
3. Подготовка на бел крем
Во касерола го ставаме белото чоколадо да се растопи над пареа.
Оставаме малку да се излади.
Во еден сад ги ставаме слатката павлака и млекото и миксаме во не многу густ крем.
Го додаваме растопеното бело чоколадо и уште некоја секунда соединуваме.
Овој крем го нанесуваме врз претходно стегнатиот црн крем.
Повторно оставаме во фрижидер да се стегни.
4. Подготовка на темен крем
Над пареа во еден сад го ставаме чоколадото да се растопи(40%)
Во еден сад ги ставаме слатката павлака и млекото и миксаме да добиеме не многу густ крем.
Го додаваме подизладеното чоколадо.
Соединуваме уште некоја секунда.
Овој крем го нанесуваме врз белиот стегнат крем.
Израмнуваме и повторно оставаме во фрижидер.
5. Подготовка на Крем од млечно чоколадо
Над пареа во еден сад го ставаме млечното чоколадо да се растопи.
Во друг сад со миксер ги соединуваме млекото и слатката павлака во не многу густ крем.
Го додаваме растопеното и подизладено чоколадо.
Соединуваме.
Овој крем го нанесуваме врз претходно стегнатиот крем.
Повторно оставаме во фрижидер.
6. Подготовка на глазура
Во сад на оган ставаме да се загрее слатката павлака.
Ја тргаме од оган и го додаваме искршеното чоколадо
Мешаме за да се соединат.
Ја истураме глазурата врз подготвената торта.
Нежно декорираме со потпечени лешници.
Ја оставме во фрижидер најмалку 5 часа, го одстрануваме обрачот, па сечеме на парчиња и послужуваме.

Канапеи- солени залачиња

1. Тапенада- паста од маслинки
Состојки
200 гр маслинки- пола црни, пола зелени, 1-2 лажици маслиново масло, некое зрно капари, бибер.
По желба и некоја капка лимон, магдонос.
Во нутрибулет ги ставаме сите состојки, миксаме се додека не добиеме мазна смеса.
Ја дотеруваме по вкус и ја послужуваме на парчиња тост леб.

2. Мали принцески полнети со ракчиња
Состојки
За принцески-100 мл вода,25 гр путер,80 гр брашно, 1 хл јсјце, сол
За полнење-200 гр исчистени ракчиња,50 гр мајонез,1 лажиче кисела павлака, некое зрно киселкасти капари, кора и сок од лимон или лимета,копар, сол, малку масло.
Во сад на оган се ставаат солта, водата и путер.
Остаавме да се соединат и тргаме од оган.
Го додаавме брашното и енергично промешуваме.
Го додаваме и јајцето и убаво ја соединуваме смесата.
Ја ставаме во шприц или со помош на 2 лажички редиме во плех мали принцески.
Ги печиме околу 15 минути, односно благо да заруменат.
Ги оставаме да се излаадат.
Во тава ставаме некоја капка масло и брзо ги запржуваме ракчињата.
Тргаме од оган оставаме да се изладат, па ги додаваме остаанатите состојки, мајонез, павлака, сецкани капари, кора и сок од лимон, сол, бибер,копар.
Ги сечеме на половинка малите принцески и ги полниме со филот со ракчиња.

3. Ролни од шунка
Состојки
150 гр урда,1 лажиче сенф,1 лажиче путер,1 мала краставица,10 парчиња четвртаста шунка.
Прво измиената краставица ја сечиме на танки ленти со помош на алатка.
Во еден сад ги соединуваме урдата, путерот, сенфот,некој зачин по сопствен вкус.
На даска ја ставаме едната лента шунка, па ја премачкуваме со подготвениот крем.
Врз кремот ставаме тенка лента краставица.
Роламе, ги оставаме во фрижидер до употреба.

4. Пилешка салата во корпички од тост леб
Состојки
12 парчиња медитерански-тост леб, 3 лажици растопен путер, 200 гр пилешко месо, 3 ленти димена сланина
,2-3 свежи шампињони, 2 лажици орев, 1 лажица рендано јаболко, 1-2 лажици кисела павлака, сол, бибер, кари, масло
Прво го подготвуваме тост лебот.
Со помош на алатка вадиме форми од секое парче леб.
Ги премачкуваме со растопениот путер и ги редиме во калапи за мафини.
Ги запекуваме во релна околу 10 минути. Оставме да се изладат.
На малку згреано масло го пржиме ситно сецканото пилешко месо, сецканите шампињони, сецканата сланина.
Зачинуваме и кога е готово тргаме од оган.
Нека се излади, па ги додаваме останатите состојки.
Соединуваме убаво.
Со ова ја полниме секоја тост корпица.декорираме по желба.

5. Полнети шери домати
состојки
10-12 шери доматчиња
за полнење,100 гр сино сирење, бел бибер, 1 лажиче кисела павлака.
Нежно шери доматите ги длабиме.
Ги полниме со соединетиот намаз и декорираме

6. Залачиња Примавера
Состојки
6 палачинки, со магдонос во тестото.
За полнење
200 гр сирење, 100 гр пченка,а лажица кисела павлака,2 ленти панцета, 1 црвена пиперка,1 чешне лук,босилек, сол,зелена салата.
Во еден сад ги соединуваме сирењето, павлаката, зачините, пченката, сецканата панцета, сецканата пиперка. Соединуваме.
Ја додаваме сецканата, листови салата.
Со овој намаз ги премачкуваме палачинките, роламе и ги остаавме во фрижидер на 30 минути.
Потоа ги сечеме на залачиња.

7. Кревки кошнички со плаво сирење и брусница
Состојки
За тесто-150 гр брашно, 65 гр ладен путер, по малку сол и бибер, 2 лажици ладна вода или млеко, малку црвен пипер.
За полнење-130 гр сино сирење,2 лажици кисела павлака, 40 гр сува брусница, магдонос.
Од состојките за тесто замесуваме нелепливо тесто и го оставаме во фрижидер на 15 минути.
Потоа правиме мали топчиња и секое топче тесто го втиснуваме во калапче за печење.
Ги печиме внимателно, околу 10 минути.
Ги вадиме на решетка да се изладат.
Во еден сад ги соединуваме синото сирење и киселата павлака.
Со овој крем ги полниме изладените кошнички.
Одозгора ставаме зрна брусница.

8. Зелени залачиња со инчуни
Состојки
1 свежа краставица,2 лажици крем сирење со зачини,2 лажици густа кисела павлака,копар,солени инчуни, малку бибер.
Измиената краставица ја сечемепо должина..Внимателно со помош на алатка вадиме дел од срцевината.
Во еден сад ги соединуваме крем сирот,киселата павлака, малку бибер,копарот.
Со ова ги полниме парчињата краставица.Ја сечеме на парчиња.
Врз секое парче ставаме по едно од инчуните .

9. Мини залаци од сува слива
Состојки
10 меки , црни, суви сливи,3-4 парчиња топено сирење,сецкан власец,по малку мелен бибер,и црвен пипер,10 парчиња танко сечена димена сланина,препечен сусам.
Начин на подготовка
Топеното сирење го гмечиме со вилушка, па додаваме власец,бибер, црвен пипер( може и лут), или додаваме зачини по сопствен вкус.
Земаме слива, ја отвораме и на местото каде стоела семката, ставаме од сирниот намаз.
Ја затвораме.
Ја завиткуваме во парче сланина, па ја валкаме во препечен сусам.

Канапеите се пишувани по ред од лево према десно, и извинете што состојките не се пишани на потребното место.
Успевав да внесам само до 4 канапеи, и тоа по трет пат, и системот не ми дозволуваше,хаххаха и компјутерот се умори.
Мислам дека вака е јасно и прегледно

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани