Прв пат пробав меломакарона лани во Грција, во Лерин кај мојата баба (прва братучеда на мојата баба) за Коледе, тие го слават на 23ти декември. Тоа беше љубов на прв вкус. Ми пушти некое парче за дома и го запишав рецептот. Ми кажа дека ги прават за Божиќ, па реков и јас ќе ги направам.

*1 чаша е 250 мл.

Подготовка

Прво се прави шербетот, откако ќе се тргни тенџерето од оган, се отстрануваат циметот и каранфилчињата и се остава да олади целосно.

Се замесува тесто од сите состојки за тесто и се прават мали топчиња колку големина на орев или долгунести форми. Се редат на намастен плех и се печат на 170 степени додека не поруменат, околу 20 минути. Се прелеваат жешки во самиот плех со ладниот шербет и се декорираат со толчени ореви. Не се чуваат во фрижидер туку на собна темпертура покриени со најлонска фолија.

Напомена-во зависност од тоа колку сакате да бидат сочни, можи да се прилагоди шербетот и да се зголеми или намали количината или времетраењето на чувањето на колачите во шербет.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови