1. Го ставаме квасецот во млака вода со лажица шеќер да нарасне.
Потоа во длабок сад замесуваме меко тесто и оставаме да одмори 1 час.
2. Тестото го делиме на 4 топчиња и секое топче го расукуваме тенко. Размачкуваме од филот по кората, а потоа ја виткаме во ролат. Премачкуваме со жолчка и поросуваме со сусам, сечкаме полжавчиња на 1см и ги редиме во тава.
3.Печеме на 200 степени додека поруменат.
* Фил
Сварените компири ги пасираме, со изрендана главица кромид (јас ја сецкав со сецко додека стане како каша, можете и покрупно). Додаваме 1 лажица сенф и зачини по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови