Во просeаноto брашно додаваме сув квасец, сол и шеќер. Промешуваме. Додаваме јогурт, млеко, сало, топла вода i месиме тесто. Тесто оставете го да стаса.
Рацете намачкајте ги со зејтин, од тесто правете мали топчиња и редете ги во тепсија. Оставете ги на 15 минути да постојат.
Стасаните лепчиња намачкајте ги со сало и ставете да се печат во рерна на 250 степени околу 30-40 минути. Готовите лепчиња уште жешки намачкајте пак со сало и покријте ги.
Лукчето ситно издробете го, магдоносот исто ситно исечкајтего, додајте малку зејтин и сол. Со лук и магдонос намачкајте ги лепчињата.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани