1. Се става квасецот да стаса заедно со малку вода и шеќер. Кога ќе надојде квасецот се замесува тесто од сите наведени состојки, освен што белтоците се оставаат за премаз и маргаринот за одозгора на секое топче. Се остава да одмори тестото.
2. Се прават топчиња со големина по ваша желба. Се премачкуваат со белка, се наросуваат со сусам и врз секое топче се става коцкичка маргарин.
3. Се печат на 250 С - 25 мин. Одозгора јас ги премачкувам со масло.
П.С. Излегуваат околу 45 лајбици.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани