Користена е чаша од 200 мл.

Во вангличка ги ставаме квасецот, шеќерот, лажиче брашно и топлото млеко.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа ги додаваме солтта, маслото, белките,постепено брашното.
Замесуваме мазно, средно тесто.
Го покриваме со најлонска фолија и го оставаме да се дуплира.
Потоа го делиме на топчиња.
Секое топче го расукуваме во мало кориче,
Ставаме фил од соединети урда, јајце и сол.
Со помош на алатка го сечиме остатокот од тесто на коричката.
Завиткуваме кифла.
Ги редиме во плех, ги премачкуваме со жолчки и наросуваме сусам.
Киснат 20 минути, па ги печиме во загреана рерна на 200 с околу 25 минути.
Послужуваме топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани