Мека како душа, се топи в уста, луѓето низ целиот Балкан полудеа за оваа убавина. Неверојатен рецепт за погача која ќе ве освои и со изглед и со вкус.
Може да си поигрувате со формата и изгледот по желба, особено ако имате повеќе искуство во правење погачи.

Подготовка

1. За фил - Измијте го спанаќот и зовријте го околу 3 минути во солена вода. Убаво исцедете го и исечкајте го ситно и измешајте го со изварката. По потреба додадете сол.
2. За квасец - Измешајте го квасецот со млакото млеко, шеќер и една лажица брашно и оставете го да се активира.
3. За тесто - Откако ќе се активира квасецот измешајте го со брашното и останатите состојки и замесете меко тесто. Тестото е поубаво ако го месите подолго. По потреба додадете повеќе брашно или течност, но од овие количини не би требало ни да додадете ни да одземете. Во тестото може да ставите и една белка плус зашто за премачкување ќе ви треба само жолчката.
4. Оставете го тестото да нарасне околу 30 минути.
5. Потоа кратко премесете го и поделете го на три дела. Секој дел се расукува во кружна форма отприлика со големина на тавчето во кое ќе ја печите погачата. Ставете го првиот дел на намастено тавче, врз него ставете пола од филот, па ставете ја втората кора, па останатиот фил и најгоре ставете ја третата кора.
6. И сега доаѓа интересниот дел со сечењето и виткањето. Отсечете го средниот дел со поширока чаша. Потоа целата погача се исекува со помош на ножица во форма на сонце со краци и секој крак се завртува како вител. Направете го тоа брзо бидејќи тестото омекнува и станува потешко за работа. Правете еден по еден крак - сечи и заротирај.
7. На крајот, земете го кругот од средината и направете форма по желба и вратете го назад. Се разбира, целата декорација може да се направи според вашата желба и имагинација.
8. Потоа премачкајте ја погачата со разматена жолчка и ставете малку путер насекаде. Наросете сусам по желба и оставете ја погачата нека нарасне околу 40тина мин.
9. Печете околу 40 минути на 200 степени, а ако ви е силна рерната, намалете ја температурата на 180 степени. Ако почне да се запекува најгоре, ставете хартија за печење над тавчето.

На здравје!

Напомена- можи да се направи и дупла доза, оригинално е и таков рецептот, јас го преполовив зашто си правам и кифлички и погача од цела доза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови