Медицинската салата е вашиот најдобар пријател во текот на зимските месеци. Луткаста и вкусна, а ако не поднесувате луто, можи да се приолагоди количината на лути пиперки како во овој рецепт.

Од оваа доза, добив 6 тегли од 500 мл и 2 мали.

* Големина на филџанот е 150 мл

Подготовка

Прво подгответе ја течноста за да може состојките да се растворат. Промешувајте повремено.
Излупете ги морковите, подварете ги 10тина минути, нека подоладат и исечкајте ги на кругови.
Потпечете ги пиперките кратко и исечете ги на парчиња или кругови.
Измијте го и исечкајте го магдоносот и лукот.
Ставете ги сите овие состојки во длабок сад и добро измешајте.
Потоа потурете ја подготвената течност. Измешајте сè добро и оставете ја салатата 24 часа.
Потоа наредниот ден соберете ја салатата во добро измиени и суви тегли и ставете ги на темно и суво место.
Конзумирајте веќе по неколку дена.

* Забелешка- не е задолжително да се испечат сите благи пиперки, јас испеков само пола кг, другите ги насечкав живи.

Ја собрав салатата наутро по 12 часа, не 24.

Вечерта изедов половина тегла - салатата беше подготвена.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови