Квасецот не го активираме, туку го ставаме во вангличка, додаваме сол, шеќер, масло, жолчка, кисела павлака, сувите зачини и кисела вода.
Постепено го додаваме брашното.
Замесуваме тесто.
Ќе добиеме малку лепливо тесто.
Врз него капнуваме некоја капка масло и го покриваме.
Оставаме да одстои 30 минути.
Потоа на малку намрсена работна маса го делиме втасаното тесто на одприлика 16-20 топчиња.
Со раце правиме долги форми.
Ставаме по 2 резанчиња маслинка.
Ги редиме на плех.
Ги премачкуваме со белка, наросуваме малку сусам и зачини.
Го оставаме да одстојат 15 минути и ги печиме во загреана рерна околу 20 минути.
Сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани