Рецептот го доби ова име затоа што скоро сите состојки кои ги користев се традиционални во италијанската кујна.
Макароните ги вариме со малку зејтин и сол. Потоа ги цедиме и ги ставаме во тава за печење. Матиме 1 јајце и во него додаваме сирење. Оваа смеса се истура во макароните, се додаваат сечкани маслинки, сос од домати и оригано. Сето се промешува убаво и редиме парчиња моцарела на крај. Печеме околу 15тина минути. Макароните се одлични во комбинација со павлака.

Добар апетит.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови