Сувите домати ставете ги во вода да отстојат околу 2 часа.
Исцедете ги и исечкајте ги крупно. Маслинките исто исечкајте ги. Во длабок сад ставете доматите, маслинките, босилекот, лукот и јогуртот и се заедно измиксајте со штабен миксер. Додадете го крем сирењето, измиксајте уште малку и на крај побиберете по вкус.
Ако користете суви домати во масло тогаш прескокнете го првиот чекор со отстојување во вода.
Овој дип одлично се вклопува со солените стапчиња со сусам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани