Во касерола налеваме вода и додаваме сол.
Во зовриената вода ги вариме шпагетите ал денте.
Во тава ставаме масло, па ситно сецкана сланина.
Пржиме малку да зарумени, па додаваме сецкана пиперка, маслинки, брикети спанаќ, доматен сос, некое зрно шеќер.
Зачинуваме и оставаме да крчка 5-10 минути.
Пред крај додаваме магдонос, босилек...
Промешуваме.
Ја процедуваме тестенината, ја додаваме кај доматниот сос, додаваме 2-3 лажици течност.
Промешуваме и крчкаме заедно 1-2 минути.
Сервираме топло со малку наронет пармезан

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови