Не секогаш луѓето кои ги сакаш се блиску до тебе. Но, сепак деновите кои се со значење и за нив и за нас можеме вака да ги обележиме па колку и да сме далеку во тој момент.
Колачот го направив по мој вкус, а со истиот го обележавме роденденот на татко ми.

Во сад за матење ставете ги јајцето, шеќерот и ванилата.
Матете додека смесата стане пенеста и густа.
Со матење на најмала брзина додајте ги млекото, растопениот путер и медот.
Откако ќе се соединат состојките додајте го растопеното чоколадо и изматете со жица за матење.
На крај додајте го брашното во кое ќе го измешате пецивото.
Изматете убаво со жица.

На дното од округол калап(18цм) ставте хартија за печење.
Страните премачкајте ги со малку масло.
Истурете ја смесата и ставете да се пече на 180 степени, 25-30 минути.
Најдобро проверувајте со чепкалка, бидејќи печењето зависи и од самата рерна.

Испечениот колач оставете го убаво да се излади во калапот, а потоа извадете го.

Крем
Измешајте ги медот, таанот и кикириките и премачкајте го колачот.

Експериментирав малку, но крајниот резултат беше одличен.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани