Најпрво јајцата убаво избиете ги со шеќерот, па додадете ги двете лажици врела вода и продолжете со матење. Додадете го маслото. Сувите состојки измешајте ги и постепено додавајте ги во јајцата, матејќи со миксерот на најниска брзина.
Рерната загрејте ја на 180 степени.
Плехот прекријте го со хартија и турете ја смесата. Печете отприлика десетина минути.
Кога ќе биде готово, завиткајте го тестото со се хартијата во ролат.

За кремот, одвојте од млекото стотина милилитри и во него разбијте го брашното и жолчките.
Преостанатото млеко, заедно со шеќерот и ванилата ставете го да зоврие и турете ја смесата од брашното. Сварете крем. Додека е жежок во него ставете го чоколадото да се истопи. Откако ќе се олади, во него ставете го путерот и убаво измиксајте го.
Одвиткајте го тестото од хартијата и премачкајте го по целата површина од медот и мармаладот. Над него ставете го филот. Има фил доволно, така што оставете дел и за одозгора. Завиткајте го ролатот, и ставете го во фрижидер да се стегне пред служење.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови