Прекрасни благца за посни денови. Посебно за луѓе кои многу сакаат поблаги десерти :)
1. Шеќерот, медот, содата и циметот се промешуваат и смесата се вари заедно со масло на тивок оган додека убаво не се соедини.
2. Уште во топлата смеса се додава брашното и брзо се промешува, потоа се чека да се излади.
3. Од тестото се сука правоаголник со дебелина од 5 мм, се сече на коцки (околу 8) и во секое парче се става помалку од мармаладот, потоа убаво се затвара и се реди во плех обложен со мрсна хартија.
4. Колачите се печат во загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути.
5. Глазура. Шеќерот со водата се варат на тивок оган околу 3-4 минути, потоа се премачкуваат уште жешките колачи.

Колачите не треба да се држат долгу време во рерната за да не бидат многу тврди.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани